17-годишен тинејџер од Цетиње во Црна Гора со нож ја нападнал својата 61-годишна мајка и ја пробол во грбот, јавуваат црногорските медиуми.
Малолетното момче, по овој чин, ѝ се предало на полицијата.
Итната помош ја известила полицијата дека во четвртокот околу 19.35 часот, поради укажување лекарска помош, било примено женско лице со повреди со нож во пределот на грбот.
Радио Цетиње пишува дека животот на жената не е во опасност. Малолетникот е испратен во ЈУ Центар „Љубовиќ“ по барање на Основното јавно обвинителство во Цетиње.
Таму ќе остане до крајот на постапката.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...