4.8 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Навлеговме во Газа, се наоѓаме на врвот на битката, рече израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху

Израелските војници се пробија во предградието на градот Газа, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Се наоѓаме на врвот на битката. Имавме импресивни успеси и ја поминавме периферијата на градот Газа. Постигнуваме напредок“, рече Нетанјаху во изјавата објавена од неговиот кабинет.

Во објавата на социјалните мрежи премиерот додава: „Ништо нема да не’ спречи. Ќе одиме напред. Ќе напредуваме и ќе победиме, а тоа ќе го направиме со божја помош и со помош на нашите херојски воини“.