Либанскиот Хезболах објави дека извршил напад со два беспилотни летала врз штабот на баталјонот во израелската касарна лоцирана на фармите Шеба.
Во соопштението на Хезболах се наведува дека командата на баталјонот во израелската касарна Зебадин била нападната со беспилотни летала наполнети со експлозив.
Се додава дека касарната била погодена од неколку бомби.
Според експертите, ова е првпат Хезболах да користи ваков вид оружје од почетокот на последниот конфликт со Израел.
Овој напад беше извршен пред утрешниот говор на лидерот на Хезболах Хасан Насрала.
Во денешното соопштение Хезболах објави дека неговите членови директно го погодиле израелскиот разузнавачки систем лоциран во регионот Ал Абад, во близина на јужната граница на Либан.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...