4.8 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Голем пожар во центар за одвикнување од дрога во Иран, загинаа најмалку 32 лица

Најмалку 32 лица загинаа, а 16 се повредени во голем пожар во центар за одвикнување од зависности во северен Иран, објавија денеска иранските медиуми. Полицијата ги истражува причините за пожарот во кампот за рехабилитација на опиум во Лангаруд во провинцијата Гилан на Каспиското Море, објави иранската полуофицијална новинска агенција Мехр.

Судската новинска агенција Мизан соопшти дека раководителите и службениците на центарот се под истрага. Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Иран има еден од најтешките проблеми со зависноста во светот. Се наоѓа на главната рута на шверц на опиум и хероин од Авганистан до Западна Европа.