4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Главниот град на Индија повторно најзагаден: затворени се училиштата, луѓето се чувствуваат лошо

Индискиот главен град Њу Делхи денеска е обвиен со дебел слој на токсично загадување поради што некои училишта се затворени и се забележува зголемување на здравствените проблеми.

Главниот град на Индија повторно е прв на листата на градови со најзагаден воздух што ја состави швајцарската групација IQAir.

Индискиот главен град беше на 640. место на AQI-скалата денеска, што се смета за опасно ниво. На второ место е пакистанскиот град Лахоре со 335.

Регионалните власти соопштија дека загадувањето на воздухот е предизвикано од комбинација на пониски температури, недостиг на ветер и палење на нивите на околните фарми.

Многу од 20-те милиони жители на Њу Делхи се пожалија на печење на очите и болки во грлото бидејќи воздухот стана темносив.

„Во последните 24 часа видов бебиња како кашлаат, деца што доаѓаат со тешкотии и забрзано дишат“, напиша докторот Ахид Кан од Делхи на X.

Официјалните лица предупредија дека лошиот квалитет на воздухот може да продолжи и во следните две-три недели.

AQI од 0 до 50 се смета за добар, а нешто помеѓу 400 и 500 влијае на здравјето на луѓето и е опасно за оние со постојни болести.