4.8 C
Скопје
7. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Генералното собрание на ОН го осуди ембаргото на САД против Куба: Само САД и Израел беа против тоа

Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство го осуди економското ембарго на САД против Куба. Ембаргото го осудија 187 членки на ОН, додека САД и Израел беа против.

Украина беше воздржана, додека Сомалија, Венецуела и Молдавија не гласаа.

Шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез пред гласањето повика на поддршка за разумот, правдата, Повелбата на ОН и меѓународното право.

Родригез оцени дека целта на Вашингтон е да ја ослаби кубанската економија, да го направи народот гладен и очаен и да ја собори владата во Хавана.

Ембаргото беше воведено во 1960 година, по кубанската револуција предводена од Фидел Кастро и национализацијата на имотот што им припаѓа на американските граѓани и корпорации.