4.8 C
Скопје
7. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган повика на итен прекин на огнот во Газа: Да ги запреме злосторствата против човештвото

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас велејќи дека во Газа се случуваат злосторства против човештвото. Ердоган досега и даваше силна поддршка на палестинската страна за време на конфликтот со Израел.

„Нема начин да се објасни или оправда бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври. Да бидам искрен, во Газа се вршат злосторства против човештвото точно 28 дена“, рече Ердоган за време на самитот во главниот град на Казахстан, Астана.

„Наш приоритет е брзото воспоставување хуманитарен прекин на огнот. Турција работи на нови механизми, кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“, додаде тој.