10.8 C
Скопје
3. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Членовите на семејството на шкотскиот премиер успеаја да побегнат од Газа: „Тоа беше ноќна мора“

Членовите на семејството на шкотскиот премиер Хумза Јусаф успеале да ја напуштат Газа и да преминат во Египет. Родителите на неговата сопруга Надија ел-Накла не можеле да ја напуштат Газа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, пишува Би-би-си.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека родителите на Надија утрово можеа да ја напуштат Газа преку преминот Рафа. Последните четири недели беа вистински кошмар за нашето семејство. Многу сме благодарни за сите пораки за утеха и молитви што ги добивме од целиот свет и навистина од целиот политички спектар во Шкотска и Обединетото Кралство“, рече Јусаф.