4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хамас објави видео од тројца заложници: Еден од нив го критикува Нетанјаху

Хамас објави видео од три жени земени како заложници за време на нападот на 7 октомври.

Жените на видеото седат една до друга до ѕид. Една од жените, која зборува на хебрејски, го критикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и бара да биде однесена дома во замена за палестинските затвореници.

Не е јасно кои се жените и дали ги кажуваат своите реченици под притисок.

Нетанјаху го осуди видеото како „сурова психолошка пропаганда“.

– Правиме се сите киднапирани и исчезнати да ги вратиме дома – напиша тој на Х.