10.8 C
Скопје
3. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Советот за безбедност на ОН закажа итен состанок: Ќе се разговара за војната во Газа

Советот за безбедност на ОН во понеделник ќе одржи итен состанок на кој тема ќе биде израелската копнена инвазија на Газа.

На дневен ред е средба на тема „Состојбата на Блискиот Исток, вклучително и палестинското прашање“.

Си-Ен-Ен објави дека го видел текстот на барањето на Обединетите Арапски Емирати за Советот за безбедност да го извести потсекретарот за хуманитарни прашања и координаторот за итна помош и официјален претставник на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток.

Состанокот доаѓа откако 120 земји ја поддржаа резолуцијата на ОН, предложена од Јордан, која повикува на „одржлив хуманитарен прекин на огнот“ во Газа.