4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Конфликт меѓу израелски војници и вооружени Палестинци во Појасот Газа

Припадниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) се судрија со вооружени Палестинци кои наводно излегле од тунел во северниот дел на Појасот Газа, во близина на Ерез.

Како што јави Израелското воено радио, силите на ИД убиле голем број вооружени напаѓачи.

За време на конфликтот биле користени и минофрлачи, поради што се огласиле сирените во околината на населбата Нетив Хасари, пишува Тајмс оф Израел.

Командата на ИД се уште не го коментирала овој инцидент.