Израелската копнена офанзива врз Газа ќе има „катастрофални последици“ врз стабилноста на регионот, предупреди катарското Министерство за надворешни работи.
Операцијата ќе биде дел од политиката на „колективно казнување и обид за принудно раселување на палестинскиот народ“, велат тие.
Катар ги обвини Израелците за кршење на меѓународното и хуманитарното право со принудувањето на цивилите да бегаат во соседните земји.
– Државата Катар изразува длабока загриженост поради израелскиот копнеен упад во Појасот Газа и го смета за опасен развој што ќе има катастрофални безбедносни и хуманитарни ефекти во Појасот, особено врз безбедноста на цивилите и заложниците – се вели во соопштението.
Министерството за надворешни работи нагласи дека упадот претставува „флагрантно кршење“ на резолуцијата усвоена од Генералното собрание на ОН со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот.