Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска побара „пауза“ во непријателствата за да се овозможи испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа по интензивното израелско бомбардирање на територијата во текот на ноќта.
Борељ на социјалните мрежи напиша дека Појасот Газа е во целосна изолација додека интензивното гранатирање продолжува.
„Убиени се премногу цивили, вклучително и деца. Ова е спротивно на меѓународното хуманитарно право“, рече Борељ, објави „Тајмс оф Израел“.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...