4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Остануваат трајно во летната временска зона: За прв пат жителите на Гренланд не го поместуваат часовникот назад

Во недела жителите на Гренланд за прв пат нема да ги поместуваат часовниците на зимско сметање на времето, а нема да ја менуваат и временската зона.

Во ноември 2022 година, владата на Гренланд одлучи да го укине летното и зимското сметање на времето, објави данската новинска агенција Рицау.

Островот официјално е дел од Кралството Данска, но во пракса претежно е самоуправен.

Наместо да ги вратат стрелките на часовникот, властите на Гренланд одлучија да останат трајно во временската зона UTC/GMT-2. Во недела поголемиот дел од Европа, вклучително и Данска, ќе го поместат часовникот за еден час наназад и на тој начин ќе се префрлат од летно на зимско сметање на времето.

Малиот град Итокортормит на истокот на Гренланд е единствениот дел од островот кој во недела ќе го врати часовникот назад.