Либанските власти денеска издадоа упатства за претпазливост за евакуација на меѓународниот аеродром во Бејрут и околните објекти во случај на вонредна состојба, бидејќи тензиите се зголемуваат на либанско-израелската граница.
Неодамна имаше дневна, но релативно ограничена размена на оган меѓу Израел и тешко вооружената либанска група Хезболах.
Пораката доаѓа откако израелската војска во текот на ноќта ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа.
Да потсетиме, пистите на аеродромот во Бејрут беа погодени во 2006 година за време на израелските воздушни напади, како дел од одмаздата откако Хезболах зароби двајца израелски војници.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...