8.8 C
Скопје
29. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јорданскиот министер за надворешни работи: Израел започна копнена офанзива

Израел започна копнена офанзива во Појасот Газа, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади.

„Израел штотуку започна копнена војна против Газа“, напиша Сафади на X, поранешен Твитер.

„Резултатот ќе биде хуманитарна катастрофа од епски размери во годините што доаѓаат“.

Израелската војска во петокот вечерта објави дека ќе ги прошири своите копнени операции во Појасот Газа против Хамас.