4.8 C
Скопје
7. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Проектил погоди болница во Египет, најмалку шестмина повредени

Шест лица се повредени во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, откако проектил погодил тамошна здравствена установа во петокот рано наутро, јави египетската телевизија „Ал Кахера“.

Според „Ал Кахера“, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој се наоѓа на околу 220 километри, каде израелските сили се подготвуваат за копнена инвазија, но не е познато која од завојуваните страни ја истрелала.

Сведок раскажал дека ја слушнал експлозијата и видел како се крева чад и прашина.

Израелската армија соопшти дека знаела за безбедносниот инцидент во египетското одморалиште на Црвеното Море во близина на границата.

ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...

1.

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ПОМОШ: По 3000 денари месечно за пензионерите кои земаат најниски пензии – пари секој месец ќе им стигаат и на учениците и студентите

2.

АХВ: Се повлекува негазирана флаширана вода, не е безбедна за пиење!

3.

Ескорт дамите открија како изгледа платената интимна врска: „Често доживувам оргазам со спонзори“