4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Арапските земји го осудија гаѓањето на палестинските цивили

Група арапски земји – Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Јордан, Бахреин, Саудиска Арабија, Оман, Катар, Кувајт, Египет и Мароко – денеска го осудија нападот на Израел врз палестинските цивили и „флагрантно кршење на меѓународното право“ во Газа.

Министрите за надворешни работи на 10 арапски земји во заедничка изјава посочија дека правото на Израел на самоодбрана, по нападот на милитантниот Хамас на југот од земјата на 7 октомври, не може да биде оправдување за непочитување на основните права на Палестинците во Газа.

„Нагласуваме дека правото на самоодбрана…не може да оправда флагрантно кршење на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, како и намерно занемарување на легитимните права на палестинскиот народ“, се вели во соопштението.