4.8 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж се самозапали пред „Мекдоналд“ во Англија

Рано утринава возила на брзата помош пристигнаа пред ресторан за брза храна во Волтон, Ливерпул, по извештаите за лице што бара итна медицинска помош со сериозни изгореници.

Очевидци на настанот велат дека мажот се запалил. Мажот е пренесен во болница и е во критична состојба. Пред ресторанот има полициски и возила на брзата помош. Полицијата разговара со персоналот на „Мекдоналд“ и го фотографира местото на настанот, пишува „Дејли мејл“.

„Утрово, добивме дојава за инцидент и загрозување на здравјето на едно лице. Околу 5.50 часот било пријавено дека на маж на 40-годишна возраст поради сериозни изгореници му е потребна итна медицинска помош. Тој е пренесен во болница и е во критична состојба. Истрагата е во тек“, изјави портпаролот на полицијата во Мерсисајд.