8.8 C
Скопје
29. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов напад во училиште во Босна, ученик со камен удрил наставничка во главата

12-годишен основец во Бјелина со камен удрил наставничка во главата во ходникот, соопшти началникот на полициската управа во Бјелина, Стјепан Терзиќ.

На наставничката ѝ била укажана лекарска помош, но дежурниот лекар не коментирал за степенот на повредите.

Малолетникот е упатен од медицинскиот центар во Бјелина на понатамошно лекување во Бања Лука.

Инцидентот се случил вчера во ОУ „Кнез Иво од Семберија“.