82-годишен старец во Јужна Кореја доживеал срцев удар кога почнал да се задушува од парче жив октопод (сан-накџи), локален специјалитет направен од свежо отсечени пипала, кои сè уште се виткаат.
Спасувачките служби во јужниот град Гвангжу добиле повик дека парче сан-накџи е заглавено во грлото на маж.
„Кога итната помош пристигна на местото на настанот, мажот доби срцев удар, а тие извршија реанимација“, вели службено лице додавајќи дека нивниот обид да го спасат мажот бил неуспешен.
Сан-накџи е јадење направено од октопод, кој се сече и се служи суров, а често се јаде во крајбрежните области на Јужна Кореја или на локалните пазари.
Си-ен-ен наведува дека тоа е едно од најопасните јадења во светот.
Опасниот дел од оброкот доаѓа кога човек се обидува да го голтне пипалото бидејќи тоа може да се залепи за образите или грлото, а опасноста од задушување е доста голема.
Секоја година сан-накџи убива во просек по шест луѓе во Јужна Кореја.