4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон му порача на Израел: Копнената интервенција би била голема грешка

Ако се работи за масовна операција која би го загрозила цивилното население, во тој случај мислам дека тоа би било грешка за Израел, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за новинарите во Египет.

Макрон рече дека верува оти ќе биде „грешка“ Израел да започне „масовна копнена интервенција во Газа“, иако го потврди правото на Израел да се брани.

– Франција го признава правото на Израел да се брани. Што се однесува до копнената интервенција, ако е целосно насочена против терористичките групи, тоа е изборот што го има, но ако е масовна операција која би го загрозила цивилното население, во тој случај мислам дека би била грешка на Израел – Макрон изјави за новинарите во Египет.

Макрон додаде дека вкупно 31 француски државјанин досега се убиени во нападите на Хамас во Израел на 7 октомври.