10.8 C
Скопје
3. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лидерите на Хамас, Хезболах и на Исламскиот џихад се сретнаа во Бејрут

Хасан Насрала, лидерот на Хезболах, милитантна исламистичка организација што дејствува во Либан, се сретна во Бејрут со највисоките претставници на Хамас и на палестинскиот Исламски џихад.

На објавените фотографии се гледа дека Насрала се сретнал со заменик-шефот на Хамас, Салех ал-Арури, и со лидерот на Исламскиот џихад, Зијад Нахалех, пишува „Тајмс оф Израел“.

Според медиумите под контрола на Хезболах, Насралах и палестинските милитантни водачи оцениле какви чекори мора да преземе оската на отпорот за да постигне вистинска победа во Газа.

Палестинскиот Исламски џихад е втората по големина милитантна организација во Газа по Хамас.