10-месечно бебе е во критична состојба кога куче го искасало во домот во Барнсли.
Момчето веднаш било пренесено во болница и итно било оперирано, пренесуваат локалните медиуми.
Полицијата соопшти дека кучето не било агресивно пред нападот и дека нема никакви пријави.
Сопственикот на кучето изјавил во полицискиот извештај дека неговиот миленик секогаш бил прекрасен и внимателен со децата.
Тој додал дека во последните денови кучето било под стрес поради звук на огномет.
✖
Нападот се случил кога бебето почнало да плаче.
Родителите сега бараат од сите сопственици на кучиња да бидат свесни за промените во однесувањето на нивните животни.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...