10.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус излетал од патот во Црна Гора, има повредени и загинати

Автобус излетал од патот во Црна Гора, има повредени и загинати

Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени во сообраќајната несреќа што се случи на патот Цетиње – Будва.

Како што пренесуваат од „Вјести“, автобусот слетал на релација Обзовица – Брајиќ.

Повредените се извлекуваат од возилото, пренесе медиумот.

На местото на несреќата биле испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње, а на пат кон Обзовица биле и припадници на специјалните полициски единици.

На терен имало шест возила на брзата помош. Од Службата за заштита и спасување на Будва за „Вјести“ велат дека испратиле три возила со пожарникари бидејќи имало многу повредени.

На екипите на итната помош, лекарите и на медицинскиот персонал на Клиничкиот центар, како и на цетинската болница, им била дадена препорака сите екипи да бидат подготвени да ги примат повредените.

„На магистралниот пат Цетиње – Будва се случила сообраќајна незгода, при што автобус слетал од коловозот. На самото место се сите расположливи единици на Полициската управа, итната медицинска помош и Управата за вонредни состојби“, соопштија од Управата на полиција на мрежата Х.