21.8 C
Скопје
27. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жељко Јовановиќ за ЕУ Ромапрес: Ќе спроведуваме програми и решенија во областа на образованието, вработувањето и развојот на идентитетот и самоорганизацијата на Ромите

– Сакаме да спроведеме програми кои можат да покажат кои се конкретните решенија во областа на образованието, вработувањето, развојот на идентитетот и самоорганизирањето за да се спречи купување гласови и манипулации за учество на избори –  вели Жељко Јовановиќ во интервју за ЕУ Ромапрес.

Кога ќе тие решенија ќе бидат најдени додава Јовановиќ, и тоа на ниво на неколку заедници и ќе се сфати дека тие можат да бидат решенија кои можат да се применат и на други, тогаш се ќе изгради став за преговори со државата и ќе ја убедат да ги преземе решенијата и да ги спроведе за сите Роми како и за други граѓани кои се соочуваат соистите проблеми.

-Со ова ги поставуваме темелите државата да си ја врши работата и да биде одговорна кон своите граѓани Роми- вели Јовановиќ за ЕУ Ромапрес.

Притоа тој нагласува дека мора да е биде многу јасно дека ниту неговата идна фондација, ниту која било друга организација не може да ја замени државата и државните институции.

– Не можеме да го замениме ниту Центарот за социјална работа, ниту Здравствениот
дом, ниту пензискиот фонд, ниту општината. Од друга страна, ние не сме хуманитарна организација која ќе го замени Црвениот крст,Каритас или други организации кои делат помош на најзагрозените. Решението мора да се бара во одговорноста на државните институции за нивните граѓани кои плаќаат даноци на тие институции, ги бранат за време на војна и даваат политичка моќ преку избори- објаснува Јовановиќ.