15.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се појавија фотографии од уништената руска подморница

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои наводно се гледа руска подморница уништена во минатонеделниот украински напад.

„Фотографии на кои се прикажани последиците од украинскиот ракетен напад со ракетите ‘Сторм шадоу’ на рускиот брод, подморницата ‘Ростов на Дон’ во Севастопол. Со оглед на природата на штетата што ја гледаме, проектилот ја погодил подморницата со разурнувачки ефект“, објасни на фејсбук-профилот Ukraine Weapons Tracker.