21.8 C
Скопје
28. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дрон со експлозив слета во одморалиште на Црното Море, Бугарија испрати специјална единица

Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица, која треба да го прегледа и деактивира беспилотното летало со експлозив што вчеравечер слета во црноморскиот град Тјуленово, јавуваат бугарските медиуми.

Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.

Локалните медиуми објавија дека дренот бил долг меѓу 3 и 3,5 метри и дека на него бил прикачен контејнер со експлозив.