Десетици илјади луѓе во регионот на Нова Англија во САД и во источна Канада останаа без струја како последица на ударот на бурата „Ли“, која донесе обилни врнежи и ветер кој корнеше дрвја.
Невремето се движи кон североисточниот дел на северноамериканскиот континент, а може да ги погоди и канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска.
Во Мејн, државата со најмногу површини покриени со шуми во САД, почвата е натопена, а дрвјата се многу ослабени и поради невремето и поради обилните летни дождови, а како што најавуваат метеоролозите, најсилните удари на невремето допрва треба да се очекуваат.
– Ни претстои долг пат, а веќе гледаме соборени дрвја и прекини во електричната енергија – изјави метеорологот Тод Фоази.
Во Масачусетс беше прогласена вонредна состојба и беше испратена федерална помош во таа американска држава.
Во сила е предупредување за наплив на бура од границата на Њу Хемпшир и Мејн до Нова Шкотска, Канада.
Немаше ниту влезни ниту појдовни летови на најголемиот аеродром во Нова Шкотска, Халифакс Стенфилд.