34.8 C
Скопје
24. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Почнаа тешки разговори во Брисел

Денеска, во Брисел, се одржува нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, а со учество на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Аљбин Курти. Тие ќе се сретнат со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателот на Европската комисија, Жосеп Борел, како и со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

На инстаграм-профилот на српскиот претседател беше објавено дека во Брисел почнале тешки разговори, а објавена е и фотографија од Вучиќ и Борел.

„Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел, и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак“, се вели на профилот на Вучиќ.