Во синоќешниот руски напад врз село на југот на Украина едно момче загина, а уште четири лица се ранети.
Според украинските власти, проектилот погодил куќа. Таму загинало шестгодишно момче, а тешко е ранет неговиот 13-годишен брат.
Ранети се и соседите, кои притрчале да помогнат, тврдат Украинците.