Лекарите во североисточниот дел на Перу му го спасиле животот на двегодишното момче кое проголтало осум медицински игли.
„Дури кога влеговме во операционата сала и му го отворивме стомакот, откривме метални предмети и сфативме дека се работи за игли“, изјави докторот Ефраин Салазар.
Локалните медиуми објавија дека станува збор за игли што се користат за вакцинирање на животните на фармата, каде што работи мајката на момчето.
Семејството живее во земјоделската област Таратопу, на речиси 622 километри од главниот град Лима.
„Можеби ги голтнало додека си играло“, изјавила мајката.
По операцијата, момчето е надвор од животна опасност, јавуваат медиумите.