25.8 C
Скопје
1. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСВЕТ

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон Коалицијата на држави кои работат на создавање на Специјалниот трибунал

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, преку Твитер објава се заблагодари на Северна Македонија што се приклучи кон Коалицијата на држави кои работат на алгоритмот за создавање на Специјалниот трибунал за злосторството на руската агресија против Украина.

“567. Создавањето на Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина е важно за изведување пред лицето на правдата на лидерите на кремљ.

Ѝ благодариме на Северна Македонија што се приклучи кон Коалицијата на држави кои работат на алгоритмот за создавање на Специјалниот трибунал!”, напиша Дир на Твитер.