17.8 C
Скопје
23. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во Украина+СВЕТ

Зеленски во своето обраќање до нацијата: Украинскиот херој одредува како ќе заврши оваа војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата се осврна на резултатите од украинската контраофанзива во повеќе правци.

Како што рече Зеленски, украинската армија напредувала во правец на исток и југ.

– Офанзивата се одвива во правец на Бахмут. Купјанск, Лиман, Авдиевка и Маринка, таму држиме позиции. Благодарност до сите воини за тоа. Украинскиот херој одредува како ќе заврши оваа војна. Сите треба да ги паметат овие – рече Зеленски.

Зеленски во своето обраќање се осврна и на гранатирањето на Криво Рог.

– Едно лице загина, а 60 се повредени. Им благодарам на сите што помогнаа да се спасат луѓето – додаде тој.