25.8 C
Скопје
1. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Воз удри во луѓе во Барселона, загинаа четири лица

Најмалку четири лица загинаа во неделата кога беа удрени од локомотива во близина на Барселона додека се обидуваа да ја преминат железничката пруга, соопштија службите за итни случаи.

Несреќата се случила во 20.22 часот во Монмел во близина на каталонската престолнина кога седум лица минувале преку шините на забранета локација, соопшти „Ренфе“, државниот железнички оператор.

Три лица починале на местото на настанот, а четвртото лице починало во болница кога доживеало срцев и респираторен застој, соопштија во неделата службите на итната помош.

Тројца повредени се во болница.