Дмитриј Медведев, претседател на Советот за безбедност на Русија и поранешен руски претседател и премиер, вчера во објава на својот профил на „Телеграм“ рече дека САД набргу би можеле да доживеат напад како оној на 11 септември 2001 година, но со нуклеарно или биолошко оружје
Објавата на Медведев е само еден ден пред годишнината од терористичките напади, во кои загинаа 2.996 луѓе“, пишува „Индекс“.
Медведев често му се закануваше на Западот со нуклеарно оружје во изминатата една и пол година.
Тој вчера објави, како што рече, „неколку зборови во пресрет на 11 септември“. Во објавата, тој ги обвини САД за „ароганција и одвратен нарцизам“ меѓу западните нации и „универзална ароганција за кое било прашање“.