10.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Реалноста е прилично отрезнувачка“ Завршната декларација од самитот Г20 укажа на неуспехот на изолацијата на Русија

Отсуството на параграф со кој се осудува Русија во завршниот документ од самитот на Г-20 навестува неуспех на плановите за изолирање на Москва, се вели во написот во онлајн верзијата на германскиот весник Цајт.

Дали самитот на Г20 беше успешен, спротивно на очекувањата? Канцеларот Олаф Шолц барем така се обиде да го претстави резултатот. Но, реалноста е прилично отрезнувачка – се наведува во написот, пренесува ТАСС.

Колумнистот на изданието потсетува дека изјавата усвоена пред една година на самитот во Бали беше оценета како „шлаканица“ за Руската Федерација.

Сега Шолц „признава она што повеќе не може да се сокрие: нема осуда во декларацијата, не се споменува шлаканица“, се наведува во написот.

Германскиот канцелар на вчерашната прес-конференција рече дека конечната објава ја смета за успешна.

Во документот, лидерите на Г-20 ја признаа разликата во ставовите и оценките кога станува збор за ситуацијата во Украина.

Тие ги повикаа сите држави да се придржуваат до принципите на меѓународното право, вклучително и оние кои се однесуваат на суверенитетот и територијалниот интегритет и укажаа на важноста од дијалог и мирно решавање на конфликти.