Премиерот Џорѓа Мелони на средбата со кинескиот премиер Ли Џианг на самитот на Г-20 го претстави планот на Италија за повлекување од иницијативата „Појас и пат“, објавија денеска италијанските медиуми.
Италија, како замена, сака да го ревитализира договорот за стратешко партнерство со Кина, кој првпат го потпиша во 2004 година, со цел да се зајакне економската соработка и да се избегне негативна реакција од Пекинг.
Италија е единствената земја од Групата седум што се пријавила на „Појас и пат“, глобален трговски и инфраструктурен план моделиран по древниот пат на свилата меѓу царската Кина и Западот.
– Премиерката Мелони ја известила својата колешка за нејзината намера да го напушти проектот – пишува весникот „Кориере дела сера“, додавајќи дека премиерот Ли направил последен обид да ги убеди Италијанците да ја преиспитаат одлуката.
Италијанските политичари ја доведуваат во прашање вредноста на Иницијативата „Појас и пат“, потпишана од претходната администрација во 2019 година, која беше извор на расправии со западните сојузници околу проширувањето на кинеското влијание.
Италијанците и рекоа на кинеската страна дека нивната одлука не е диктирана од САД, се додава во извештајот, а слично известуваат и други италијански дневни весници.
TI PLAMAŠ DŽINPIN Meloni objavi deka It