20.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
Војна во УкраинаСВЕТ

Украински беспилотни летала беа соборени во близина на Москва, Ростов и Брајанск

Украински беспилотни летала беа соборени во близина на Москва, јужниот регион Ростов и југозападниот регион Брјанск во раните утрински часови, цитираше руската владина агенција РИА.

Според друга новинска агенција ТАСС, три згради биле оштетени во градот Ростов на Дон, а едно лице е повредено кога еден од дроновите се урна во центарот на градот. Уште еден дрон во Ростовската област падна надвор од градот.

Во Брјанск, остатоци од еден од двата уништени беспилотни летала ги скршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, јави новинската агенција Интерфакс. Во Ростов се регистрирани експлозии во близина на зградата на Командата на рускиот јужен воен округ – инаку местото од каде се координира руската агресија врз Украина.