Три скелети се пронајдени во Подгорица, Никшиќ и во Сутоморе во изминатите три дена, соопшти Полициската управа на Црна Гора.
Човечки останки и лични документи на жена што исчезна во декември 2014 година беа пронајдени над заливот Штрбина кај Сутоморе.
Тело на машко лице во распаѓање е пронајдено кај железничкиот мост во Никшиќ, а полицијата утврдува дали се работи за убиство или самоубиство.
Тело во поодмината фаза на распаѓање е пронајдено во напуштена куќа во населбата Коник во Подгорица, а идентификацијата е во тек.