20.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Семејно насилство во Бор: ги претепал сопругата и децата кои имале седум и девет години

Припадници на полицијата во Бор го привеле П.К.(1982) од овој град поради сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство.

Тој е осомничен дека синоќа физички ги нападнал својата триесет и седумгодишна сопруга и нивните седум и девет годишни деца и им нанел повреди.

По наредба на Основното јавно обвинителство Бор, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.