10.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Хаос во Грција по бурата: Скијатос без струја и вода – пристаништето исчезна, туристи заглавени на аеродромот

Драматична е состојбата од невремето Даниел и во Споради. Скијатос остана без вода и струја, како што изјави хотелиерот Арис Дервенис за ЕРТ.

На Скијатос поплавени се куќи и продавници, а штетите на инфраструктурата се сериозни. Градоначалникот на Скијатос, Тодорис Цумас, побара во Општината да биде прогласена вонредна состојба.

До Противпожарната служба има 109 повици, а досега се спроведени 20 испумпувања вода и 20 лица се пренесени на безбедни места.

На видеата објавени на социјалните мрежи се чини дека пристаништето се удавило во матните води, а сега, иако нема обилни врнежи, дува многу силен ветер.

Голем број патници останаа заглавени на брод, кој вчера попладне тргна од пристаништето Скијатос кон Волос, но поради механички дефект, пловел со мала брзина. Бродот не стигнал до својата дестинација и сега е заглаве, неколку километри од пристаништето Волос, пишува „Прототема“.

Има стотици поплаки од патници, кои се заробени на бродот веќе 12 часа. Досега не се разјаснети причините поради кои бродот не влегува во пристаништето.

Најмалку 300 туристи останаа блокирани на аеродромот во Скијатос поради лошото време.

Лошото време не можеше да не влијае и на транспортот, а туристите на островот и оние што се подготвуваат за заминување се во драматична ситуација. Британски турист, кој повеќе од 12 часа чека на аеродромот да полета неговиот авион, ги пренесува моментите што преовладуваат. Туристите поставија камп внатре во аеродромот обидувајќи се да спијат. Други легнаа врз својот багаж.

„Ужасни сцени. Моментно сме на аеродромот, блокирани сме повеќе од 12 часа и нема летови до четврток. Надреално е“, пишува Британецот.

Во меѓувреме, тој во својот коментар пишува: „Патиштата се затворени, а струјата е прекината во поголемиот дел од градот. На аеродромот има храна и вода. Можеби летовите ќе тргнат в четврток. Дождот престана, но сега дува ветер“.