25.8 C
Скопје
1. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСВЕТ

Шојгу: Украинската контраофанзива е целосно неуспешна

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска ја оцени украинската контраофанзива како целосен неуспех, но рече дека ситуацијата е тензична во делот на јужниот регион Запорожје, кој е под контрола на Русија.

„Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт“, го цитираше Шојгу, Министерството за одбрана.

„Најтензичната ситуација е на фронтот во Запорожје. Непријателот ангажираше бригади од својот стратешки резерват чиј персонал беше обучен од западни инструктори“, рече тој.

Преземајќи ја контролата врз делови од Украина, Русија воспостави „копнен мост“ кон Крим, полуостровот на Црното Море што го анектираше во 2014 година.