25.8 C
Скопје
1. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчката крајбрежна стража пронајде мигранти заглавени на мал остров по бродолом, има и жртви

Грчката крајбрежна стража денеска пронашла група од 14 мигранти и тело на маж на брегот на островот Фармакониси, во источниот дел на Егејското Море, соопштија властите.

На островот биле пронајдени пет мажи, шест жени и три деца, заедно со телото на маж.

Сè уште не е јасно како починал мажот.

Мигрантите дошле на островот од турскиот брег со гумен чамец, кој потонал, соопшти крајбрежната стража.

Како што додаде крајбрежната стража, мигрантите и телото на мажот биле пренесени на блискиот остров Лерос.

Засега нема пријави за исчезнати лица.