21.8 C
Скопје
23. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
Војна во УкраинаСВЕТ

Британија: Русија планира избори во окупираните делови на Украина

Руските власти во окупираните делови на Украина планираат да одржат избори првпат следниот месец, напиша утринава Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во својот оперативен извештај. Изборите треба да се одржат меѓу 8 и 10 септември, паралелно со изборите одржани во самата Русија, соопшти Министерството за одбрана.

„Иако се идентификувани повеќе од 1.000 кандидати, според некои извештаи постои недостиг на квалификувани, искусни и подготвени кандидати. Исто така, нема независни кандидати, кои не се членови на партиите поддржани од Кремљ, што покажува дека ова нема да бидат слободни или фер избори“, соопшти Министерството за одбрана додавајќи дека гласањето веќе почнало во Запорожје и Мариупол.