10.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бхарат може да биде новото име на Индија, пишуваат странски медиуми

Индија, најверојатно, ќе се преименува во Бхарат. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од официјалната покана на шефовите на држави и министри на Г20 на вечера организирана од претседателот Друпади Мурму.

Поканата покажува дека поканата била од „претседателот на Бхарат“. Бхарат е името на Индија во некои индиски јазици.

Резолуцијата, најверојатно, ќе биде разгледана на специјалната седница на парламентот, изјави Си-ен-би-си. Овој потег се смета за одговор на опозицискиот сојуз, кој себеси се нарекува Индија.

Во претходните покани на претседателот стоеше дека е претседател на Индија.