27-годишната Валерија Фиораванти почина минатата зима откога од брзата помош во две римски болници менингитисот го замениле со главоболка.
Според тамошните медиуми, сега е откриено дека Фијораванти починала на 10 јануари поради погрешна дијагноза на лекарите.
Имено, од брзата помош во болницата „Поликлинико“ ѝ кажале дека силните болки што ги претрпела се предизвикани од ненадејните движења што ги правела додека ја миела косата, пренесува N1 од Загреб.
Седум дена подоцна, од брзата помош за итни случаи во болницата „Сан Џовани Адолората“ менингитисот го замениле со лумбоишијалгија.
Лекарите што поставиле погрешни дијагнози се под истрага, пишуваат тамошните медиуми.