15.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,2 степени е почувствуван околу 8.30 часот во Босна и Херцеговина.

Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 18 километри од Зеница, на длабочина од девет километри.

Се почувствувал и во Сараево и во другите делови на Босна и Херцеговина.

Некои коментари под објавата на EMSC тврдат дека бил силен и краткотраен, други пишуваат дека потресол згради.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.