23.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСВЕТ

Руска ракета погоди приватна компанија во централна Украина

Руски сили погодија приватна компанија со крстосувачка ракета со долг дострел во ноќен напад во централниот украински регион Виница, соопштија украинските власти.

Во нападот е оштетен имот, а бројот на повредени не е познат, изјави гувернерот Серхиј Борзов.

„За жал, има жртви, им се дава помошта што им е потребна“, напиша Борзов на „Телеграм“.

Воздухопловните сили на Киев објавија дека собориле една од двете лансирани крстосувачки ракети. Ракетата е соборена над Кировоградската област, објави гувернерот на „Телеграм“.

Од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година Русија често ги напаѓа украинските центри далеку од линијата на фронтот по воздушен пат.