17.8 C
Скопје
23. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија: 42 украински беспилотни летала соборени над Крим

Министерството за одбрана утринава соопшти дека соборило 42 украински беспилотни летала над Крим.

Девет беспилотни летала се уништени во напад над Крим, а 33 се неутрализирани со помош на електронска војна и паднале пред да ја погодат целта“, објави Министерството за одбрана на „Телеграм“.

Податоци за жртви и штети не се дадени.

Гувернерот на Севастопол, Михаил Развојаев, изјави дека неколку летала биле соборени на 10 километри од Севастопол, родното пристаниште на руската Црноморска флота.